Posts

Showing posts from October, 2017

''Сердарот''- Глигор Прличев

Во ''Сердарот претежно се раскажува за смртта на македонскиот херој Кузман кој го заштитувал народот од бандите на Гегите. Оваа поема се случува во средината на 19 век, во западна Македонија . Базирана врз мотивот на народната песна за Кузман Капидан, темата на поемата се развива во девет делови. Првиот дел, од девет четиристишија, со рима по двоики (по два стиха) е веста. Известува за смртта на херојот и битката. Во вториот дел се јавува мајката на Кузман Капидан и таа очекува да се врати нејзиниот син. Таа е вознемирена, зашто сонувала како и се руши куќата. Во третиот дел, непријателите ги носат посмртните на херојот и започнува плачот и се слушаат  пискотници од Галичник во Река,  а тоа ги потресува и непријателите. Во четвртиот дел е прикажана борбата на Кузман кој ги растерал напаѓачите и неговата смрт. Во петиот дел напаѓачите му одаваат почит на Кузман со тоа што се заколнале дека нема да го напаѓаат неговиот дом. Мајката на Кузман ја отфрла заклетвата и бара од напаѓа...