''Сердарот''- Глигор Прличев

Во ''Сердарот претежно се раскажува за смртта на македонскиот херој Кузман кој го заштитувал народот од бандите на Гегите. Оваа поема се случува во средината на 19 век, во западна Македонија.Базирана врз мотивот на народната песна за Кузман Капидан, темата на поемата се развива во девет делови. Првиот дел, од девет четиристишија, со рима по двоики (по два стиха) е веста. Известува за смртта на херојот и битката. Во вториот дел се јавува мајката на Кузман Капидан и таа очекува да се врати нејзиниот син. Таа е вознемирена, зашто сонувала како и се руши куќата. Во третиот дел, непријателите ги носат посмртните на херојот и започнува плачот и се слушаат пискотници од Галичник во Река, а тоа ги потресува и непријателите. Во четвртиот дел е прикажана борбата на Кузман кој ги растерал напаѓачите и неговата смрт. Во петиот дел напаѓачите му одаваат почит на Кузман со тоа што се заколнале дека нема да го напаѓаат неговиот дом. Мајката на Кузман ја отфрла заклетвата и бара од напаѓачите да не го напаѓаат повеќе народот на Река. Непријателите се согласиле на барањето. Во шестиот дел е оплкувањето на мајката на Кузман и преку неа се дознава родословното дрво на херојот. Во овој дел се забележувa вo лицето на калуѓерката Цвета, која без солзи го мие и кити херојот. Во седмиот дел е мајката на Кузман нредува да се донесат и другарите на херојот и тие да се закопаат со сите почести. Во осмиот дел сцената се одвива во домот на свршеницата на Кузман. Обичаите и налагале да се воздржи од лелеци поради загинувањето на херојот пред нејзиниот татко. Но штом таа останала сама и плачот одекнува горчлив и девојката се откажува од се овоземно за да стане калуѓерка. Деветиот дел е крајот на делото, во која се истакнува овековенчената слава на Кузман во иднината, преку посетите на негови от гроб од страна на неговата свршеница и преку пеењето на слепиот пеач.Неда е централен лик во поемата. Таа е мајка на јунакот, но и самата јунак. Таа е храбра – гордо ја поднесува смртта на синот, бестрашно им се спротивставува на непријателите, подготвена е и самата да се бори и да ја поведе борбата – да стане водач.Но, освен овие возвишени атрибути, таа е сепак мајка, чувствителна, која безмерно го љуби своето единствено дете. Нејзиниот крик и плач е мајчин, зашто нема ништо пострашно од смртта на детето. Но, и во таа болка Неда не мисли само на себе, туку и на целиот нејзин народ кој останал незаштитен и кој треба да преземе дел од таа болка.
Кузман е загинат уште на почетокот од поемата, затоа за него дознаваме преку раскажувањата на другите ликови, ретроспективно (преку навраќања). Тој е олицетворение на возвишено јунаштво кое е почитувано дури и од непријателот. Силен и храбар во борбите со него. Тој е заштитник на народот и својот живот го жртвува за доброто на сите. И кај него се гледаат обичните човечки особини како – љубовта и почитта кон мајката, како и љубовта кон девојката Марија со која сакал да го минува животот и да создаде семејство.
Гегите во поемата не се негативни ликови. Тие се непријатели – пљачкаши, немилосрдни, убијци, но и тие ги носат возвишените атрибути на чесност – носејќи го со сите почести мртвото тело на Кузман во домот на Неда, ризикувајќи да бидат убиени од гневното и желно за одмазда население. Тие и самите борци, имаат респект кон борецот, така ја покажуваат својата човечност. Особено се истакнува стариот Албанец, со својата мудрост и желба да ја утеши ужалената мајка, величајќи го неговиот смртен непријател.
Марија, свршеницата на Кузман, иако е опишана сосема кратко, е исто така впечатлив лик. Таа е достојна на љубовта на големиот јунак, верна до гроб, бескрајно вљубена, тивка и искрена. По смртта на својот љубен, таа нема повеќе за што да се радува, се повлекува во калуѓерство, посветувајќи му се целосно на споменот на таа љубов.освен овие возвишени атрибути, таа е сепак мајка, чувствителна, која безмерно го љуби своето единствено дете. 

Comments